Педесет години од основањето на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања
Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ одбележува јубилеј 50 години од основањето. По тој повод во организација на ИСППИ на 12 ноември во Скопје ќе се одржи меѓународна конференција посветена на „Предизвиците на модерното општество“, а минатата недела беше организирана Свечена академија.
Директорката на Институтот проф. д-р Мирјана Борота Поповска во интервју за МИА посочува на значењето на оваа високо-образовна институција, успесите и новите предизвици.
- Дејноста на Институтот, генерално, е фокусирана на три области: научноистражувачка, образовна и издавачка. Можам да истакнам дека научноистражувачката дејност е базата на која се надоврзуваат образовната и издавачката дејност. Во континуитет во изминатите педесет години, преку низа поттикнати и отворени истражувачки проблеми и прашања, спроведени научноапликативни истражувачки проекти и експертизата на своите вработени, Институтот е непосреден учесник во управувањето, унапредувањето и развојот на социоекономските состојби во Република Македонија, која во последните педесет години се соочува со бројни и разновидни промени, ризици и предизвици. Како резултат на голема опфатност на областите од општествените науки: социолошки, политичко правни, комуниколошки и организациски во институтските проекти учествувале или биле предмет на анализа енормен број на индивидуи, организации и општествени феномени. Притоа се создале бројни генерации на домашно и меѓународно афирмирани наставно-научни и соработнички кадри, кои со високо ниво на професионалност и посветеност низ годините го даваат својот личен придонес за развој на науката и високото образование, збогатување на стручната и научната литература од подрачјето на општествените науки, како и за научно и професионално оспособување и усовршување на подмладокот, вели проф. д-р Борота Поповска.
Ново на Сител
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари
-
Преглед на вестите од светот
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот