Печ: Арбитражата да се користи повеќе за решавање спорови
Зголемен е бројот на решавање спорови со арбитража во Македонија, но таа се уште не се користи доволно како алтернатива за спогодбено надминување на спорот. Потребно е да се работи на промоција на арбитражата, а арбитражните институции да се стремат да ги исполнуваат очекувањата на странките во постапката кои се насочени кон поголема ефикасност во решавање на споровите, побрзо завршување на постапката и предвидливост на трошоците.
Тоа се дел од оценките изнесени на денешната презентација за актуелните трендови во меѓународната трговска арбитража и очекувањата на корисниците од арбитражните институции.
- Се надевам дека арбитражата како начин на решавање спорови во Македонија ќе стане популарна како за домашни, така и за спорови со меѓународен карактер. Тоа е одлична алтернатива за спогодбено решавање на какви било спорови во споредба со државните судиви, изјави Александар Печ, адвокат и член на Претседателството на Виенскиот арбитражен центар, со долгогодишно искуство во застапување клиенти во меѓународни арбитражни постапки.
Според претседателот на Постојниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија проф.д-р Арсен Јаневски, во Македонија во последните години интензивно се работи на промоција на арбитражата со странски елемент затоа што нашите фирми воглавно досега договарале арбитража со странски елемнет надвор од државата.
- Последните неколку години откако е востановено претседателството и новите органи и правила на арбитражите бројот на предметите се зголемува. Но, се уште не сме задоволни со бројот иако имаме предмети кои се со многу поголема вредност, што бргу ги завршивме, изјави Јаневски, посочувајќи дека е најважно што сите пресуди што се донесени досега се извршени.
Во тек се постапки за четири-пет предмети што верува дека ќе се завршат за кратко време. Просекот на времетраење на предметите се движи од шест до девет месеци, а најдолго до година. Станува збор претежно за трговски спорови со странски елемент, должничко-доверителски односи, неисполнување на договорни обврски,..
Основната предност на арбитражното решавање спорови, како што појасни Печ, е тоа што и двете странки можат да изберат стручњаци кои ќе работат на спорот. Ако одите во државен суд вие не знаетекакво искуство има и во области е стручен судијата кој ќе биде назначен за вашиот случај, рече Печ. Не ретко, додаде, се случува некој случај кога се носи пред државен суд да е изгубен заради тоа што странките не успеваат да се снајдат во сложените правила за постапката.
Арбитражата со странски елемент во Македонија првпат е воспоставена во 1991 година.
Ново на Сител
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025
-
Мигранти повторно нападнаа полски војници на границата со Белорусија
-
Над 1.000 идни студенти пријавени во првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“
-
До петок сончево и топло
-
Кривична против полицаец од скопски Аеродром - не извршил пасошка контрола на лице со мерка „апси“
-
Три лица се повредени во сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Гостивар
-
Откупот на пченицата за стоковните резерви ја зголеми цената за еден денар