Пазарниот инспекторат откри поголема количина шверцувани производи од тутун

При инспекциски надзори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) кај 23 правни субјекти кои вршат трговија на мало со тутун и производи од тутун, кај 16 правни субјекти биле затекнати количини на тутунски производи за кои тие не поседувале документи за набавка од добавувач и ги немале потребните ознаки – акцизни марки. Како што соопшти ДПИ, контролите биле извршени на 17 и 18 ноември на територија на Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга.
- Согласно законските надлежности, затекнатите производи во количина од над 3000 пакувања со вредност од над 1.000.000 денари се привремено одземени и предадени во Агенцијата за управување со одземен имот на Република Северна Македонија. За констатираните прекршоци, Државниот пазарен инспекторат, постапувајќи согласно законските надлежности, издаде прекршочни платни налози, за неправилностите достави известување и до другите надлежни институции, Царинската управа и Министерството за внатрешни работи за нивно понатамошно постапување, соопшти Пазарниот инспекторат.
Информира и дека ќе продолжи со спроведување на инспекциските надзори „со цел утврдување и санкционирање на нелегалната трговија на територија на Република Македонија согласно законските надлежности“.
- Акцијата е дел од посветеноста на Државниот пазарен инспекторат за борба против корупцијата и криминалот, додава ДПИ во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Димовски, вицепремиер за политички систем и лидер на СПМ
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
-

Повисока минимална плата ќе значи повисока инфлација
-

Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
-

Ревитализација на бања во с. Бања високо на агендата на О. Чешиново-Облешево
