Павловски: Ќе покажеме поинаков и богат фолклор

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ ќе биде специјален гостин на две танц шоуа кои доаѓаат во ВИП арена „Борис Трајковски“ во Скопје овој и наредниот месец – околу десетминутен настап ќе има пред гостувањето на „Fire of Anatolia“ на 12 март и 30-минутно претставување пред танцово-музичката атракција „Lord of The Dance“ на 11 април.
Директорот на „Танец“ Стојанче Павловски за МИА вели дека нивната програма пред настапот на „Огнот на Анадолија“ идниот понеделник ќе биде 12 до13 мунути во кои на плејбек ќе изведат неколку ора, меѓу кои „Осоговка“, „Пирин“, „Лазаренки“...
За „Lord of The Dance“, пак, ќе имаат поширока програма и получасовен настап. Тоа е можност, рече, пред двете светски танц атракции да се прикаже македонската играорна традиција.
- На двете шоуа „Танец“ ќе ја претстави нашата култура, традиција, нашето мајстортство. Како што имаат тие, имаме и ние. Нивните настапи се помодернизирани. Ние сме малку подруго, се уште се држиме до традицијата, но имаме наши автентични чекори и елементи. Нашиот фолклор е богат, изјави директорот на националниот ансамбл кој идната година ќе одбележи 70 години постоење.
Со турската танчарска група од Анадолија „Танец“ ќе настапи првпат, а со танчарите на „лордот“ Мајкл Флетли веќе има искуство од нивното гостување пред десет години. Оваа година „Lord of The Dance“ во Скопје ќе се претстави со ново шоу - „Опасни игри“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николовски, младински активист од Студентаријамк
-

Групацијата Флекс донираше куќичка за желките во скопската зоолошка
-

Eвроамбасадорот Рокас шокиран од состојбата на струшката депонија
-

Законот за правична застапеност во собраниска процедура
-

Без напредок во реформите, бугарските европратеници порачуваат: „Македонија сама си става вето“
-

Муцунски: Кај европските лидери постои засилен интерес за поттикнување дијалог меѓу Скопје и Софија
-

Вучиќ ќе оди во Тиват и покрај безбедносните ризици - тензии на релација Подгорица-Белград
-

Ќе се проверува производството на спорните млечни производи, од понеделник резултати и за сувомесните
