Пауза во Собранието на барање на Зоран Илиески од ВМРО-ДПМНЕ
Во Собранието на Република Македонија веднаш по почетокот на попладневното продолжение на шестата седница е прогласена едночасовна пауза на барање на координаторот од пратеничките групи формирани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиески.
Тој побара пауза со образоложение дека во исто време со седницата на Собранието на седницата на Комисијата за финансирање и буџет се расправа за Предлог завршната сметка на Буџетот за 2016 година, а на дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се Предлог-одлуката за разрешување на генералниот секретар на Собранието, како и за именување заменици на генералниот секретар.
Претседателот на Собранието Талат Џафери пред да ја објави паузата рече дека поради ваквиот начин на барање пауза, ќе го продолжи работењето на седницата по 18 часот за толку време колку што пратениците побарале пауза.
Ново на Сител
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините
-
Пропадна уште една акција за рушење на дивоградби во Кочани
-
Летово во Дојран повеќе транзит туристи отколку домашни
-
Црквите говорат за нашето наследство
-
Преглед на вестите од светот
-
21-ви „Марш на ангелите“ во Кочани