Пауза на стартот на новата вонредна седница на Советот на Град Скопје за ЈСП

Само што почна 14-тата вонредна седница на Советот на Град Скопје побарана е пауза во траење од половина час од координаторот на Советничката група на СДСМ Љубица Јанчева.
Претседателот на Советот Трајко Славески првично побара да се изгласа дневниот ред на вонредната седница, па да се даде пауза, но на инсистирање на координаторката на Советничката група на СДСМ веднаш даде пауза од половина час. Седницата ќе продолжи во 15:30 часот.
Претходно советниците од ВМРО-ДПМНЕ имаа забелешка зошто на седницата не се присутни советниците од СДСМ кои побараа да се свика вонредната седница.
Ова е втора вонредна седница на Советот на Град Скопје што е свикана денеска, откако на претходната не беше донесена одлуката за субвенционирање на ЈСП со 11 милиони евра со што ќе се овозможи исплата на декемвриската плата на вработените во ЈСП, кои изутрина од 9 часот прекинаа со работа и нема јавен градски превоз во Скопје. Одлуката не помина за еден глас, односно не беа доволни 22. гласа „за“ од присутните советници. Триенаесет беа воздражани, а ниту еден против.
Вработените во ЈСП организирани од Синдикатот од претпладнето се пред просториите на град Скопје чекајќи исход за одлуката за субвенционирање. Синдикатот веќе најави дека без позитивен исход нема да продолжи јавниот градски превоз кој денеска функционираше од 04.30 до 09.00 часот.
Ново на Сител
-

ОЈО поведе постапка против пет лица за злоупотреби со стоковите резерви
-

Приведен албански државјанин поради „криумчарење мигранти“, пронајдени седум лица од Египет и едно од Судан
-

ФЗО: Не е можно доцнење од 30 дена од страна на Фондот при исплата на надомест за породилно отсуство
-

Општина Кисела Вода уриваше дивоградба во населбата 11 Октомври
-

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува на 2 декември
-

Кривична пријава за Дехари
-

Идната недела ќе биде распишан нов тендер за изведувач на Универзална сала
-

Во септември произведени 391.740, а потрошени 373.518 мегават часови електрична енергија
