Патувај по својот прекрасен пат! Вака колегите се простија од Есма

Бројните колеги изразија длабоко жалење за смрттна на Есма Реџепови и преку социјалните мрежи се простија од неа.
Адил Максутовиќ објави на својот Инстаграм слика на која е во прегратка на покојната Есма, а во описот на фотографиите стави тажни емотикони.
Пејачката Сандра Африка својата тага ја сподели со фановите на социјалните мрежи.
„Почивај во мир, напиша Африка во описот на постот кој го објави на Инстаграм.
Српскиот политичар Чедомир Јовановиќ исто така беше погоден од смртта на Есма.
„Џелем, џелем ... патиштата ќе бидат такви какви што бевме ние, патувај по својот прекрасен пат прекрасна Есма“, напиша Чедо.
Колешката на Есма Лепа Лукиќ наведе дека Реџепова беше позната по својата хуманитарна работа.
„Жал ми е, таа беше болна, а тоа никој не го знаеше. Многу ми е жал. Хуманитарно настапуваше и онолку деца посвои“, рече Лепа Лукиќ во една емисија.
Водителката Драгана Катиќ се потсети на моментот кога Есма гостуваше во емисијата „Никогаш не е доцна“.
„Животот е восхитување и почитување“, напиша Драгана во описот на фотографијата која на објави на својот профил.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК





