-->
-->
Патроли за подобрување на асоцијалното однесување во беровските училишта
-->
Формирање училишни патроли со цел скенирање на реалната состојба во врска со асоцијалното однесување на учениците е главниот заклучок од синоќешниот состанок кој се одржа со претставници на воспитно-образовните установи во Берово. На состанокот покрај претставници на ПС од ОН Берово учествуваа претставници од Општина Берово, гимназијата „Ацо Русковски“, деветолеткатата „Дедо Иљо Малешевски“ и подрачното училиште „Никола Петров Русински“.
- Целта на состанокот е да се утврдат мерки за дејствување на асоцијалното однесување на учениците кое во последно време зазема голем замав. По одржаниот состанок можеме да констатираме дека е донесен заклучок да се започне со преземање на мерки преку акциски контроли, од кои како прво е предвидено формирање училишна патрола која ќе излезе на терен за скенирање на реалната состојба, информираа од Општина Берово.
Директорите на трите воспитно-образовни установи информираа дека во училиштата е предвидено одржување на едукативни предавања, како и запознавање на учениците со целта на спроведување на акциите.
Во однос на мерките надвор од училиштата после преземените превентивни мерки за подобрување со состојбата со однесување на учениците на улица и во угостителските објекти кои тие ги посетуваат за време на викенд, инспекциски екипи ќе вршат надзор и ќе бидат преземени одредени казнени мерки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ПМФЛ: Победи за Вардар и Работнички
-
Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара
-
Жител на Чашка измамен за 14 илјади евра, му рекле дека ќерка му имала сообраќајка и треба да се оперира
-
Делови од Карпош и Центар утре без вода
-
Премиера на филмот DJ Ахмет на последниот ден од фестивалот Браќа Манаки
-
Турски државјанин повреден при извршување градежни работи на автопатот Гостивар - Кичево
-
Лука Змејкоски освои бронзен медал, не се пласира во финалето на ЕП
-
Димова: Се ослободувам од вината дека сум злоупотребила европски пари