Патрик Мартенс се сретна со заменик министерот за економија Колемишевски
Активностите на Делегацијата на германското стопанство, поддршката која ја дава Делегацијата на германските компании кои сакаат да се етаблираат на македонските пазар, како и македонските компании кои сакаат да влезат на германскиот пазар со своите компании или услуги, беа тема на разговор на средбата меѓу директорот на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс и заменик министерот за економија Кирил Колемишевски.
Мартенс, како што информираат од Делегацијата на германското стопанство, говореше за редовните средби на претставниците на гермaнски, македонски и други интернационални компаниите со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кои, како што посочуваат, служат за изнаоѓање на заеднички решенија со цел подобрување на состојбите во стопанството.
Посебен акцент ставил на успешниот проект за дуалното стручно образование кој втора година по ред по германски терк го спроведува Делегацијата.
-Дуалното стручно образование е застапено во пет градови, пет технички училишта и 10 компании. Веќе 135 ученици во земјата се решија за овој модел на едукација, рекол Мартенс.
Колемишевски, пак, информирал дека Владата презема активни мерки за да го намали одливот на работоспособен кадар. Исто така, посочил, дека е направена реформа за средно образование, која ќе го подигне нивото на средното стручно образование и ќе произведува кадар подобро подготвен за пазарот на трудот.
Двајцата како исклучително важна ја оцениле потребата од навремено информирање на компаниите доколку се планирани одредени законски измени и нивно вклучување во процесот на изработка на законите. Според нив, само на тој начин ќе се преземат соодветните мерки и ќе се донесат оптимални законски одредби.
Ново на Сител
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран
-
Продолжен притворот за напаѓачот на градоначалничката Арсовска