Патријарх Кирил: Се молам да престанат војните
Патријархот московски и на цела Русија Кирил ја одржа божикната литургија во храмот на Христос спасителот во Москва, а на неа присуствуваше рускиот премиер Дмитриј Медведев. Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на службата во Покровскиот храм во селото Тургиново во Тверската област.
- Се молам да претстанат војните и меѓусебните борби и мирот Божји да дојде до сите нас, порача патријархот Кирил.
Литургијата ја пренесуваа неколку државни телевизии, а можеше да се следи и на сајтот на Руската православна црква.
- Понекогаш сме во многу опасни кавги со луѓето кои се способни да донесат вистинска несреќа, страдање, а понекогаш тие кавги завршуваат со катастрофа. Секој од нас, пред се е должен да се труди да се помирува со нашите непријатели, разумно да гради односи така да мирот да настапува наместо кавгите, рече Кирил, обраќајќи се на верниците.
Тогаш, според патријархот, ќе има повеќе светлина и мир не само во семејствата, туку и во животот на народит, државите, на нашата планета.
Свечени литургии се одржани во неколку стотини православни храмови во Москва и во десетици илјади цркви на Московската патријаршија ширум светот.
Ново на Сител
-
Галевски: Овој тим на Алкалоид е составен да победува, нашите амбиции се највисоки
-
Канадски министер: Трамп и Карни ќе разговараат наредните денови за царините
-
Утре терестрично прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје
-
Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција