Патот Струга-Ќафасан пуштен за сите видови возила, снег на повеќе места

Патниот правец Струга-Ќафасан од 11 часот е пуштен за сите видови возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но, според АМСМ, во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
АМСМ потсетува дека Граничниот премин „Богородица“ (ГП „Евзони“) од 17 часот ќе биде затворен за сите видови на возила.
Поради протест на грчките земјоделци денеска од 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) има забрана за движење на товарни возила која ќе во наредните 48 часа, заклучно со 10.01.2026 г. во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, приведен кумановец што ги превезувал
-

ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до СДСМ се главни за марихуаната
-

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење
-

СДСМ: Како поминаа 5 тони дрога на граница?
-

ЈОРСМ: Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин вреден 41 милион евра
-

Орбан: Клинтон бараше Унгарија копнено да ја нападне Србија
