Македонија
21. October 2015 - 13:25

Патот Градско-Неготино затворен за сообраќај во четврток и петок

Сообраќајот на автопатската делница од Градско до Неготино утре и задутре од 5 до 18 часот ќе биде затворен за сообраќај поради снимање на францускиот филм „А фонд“.

Сообраќајот ќе се одвива по стариот пат кој е обележан со соодветна сигнализација, соопшти „Манифактура“ продукција.