Патарини, такси, поскапувања - Кои се новините кои не чекаат во Грција ова лето?
Во 2018-та година се очекува во Грција да летуваат преку 30 милиони туристи од голем број земји во светот меѓу кои и Македонија.
Повеќето летувалишта ја отворија сезоната на 1 мај и не е штетно на време и во кратки црти да се потсетиме кои промени не очекуваат оваа сезона а и да ви дадеме неколку корисни совети.
Такса за престојување
На 1 јануари 2018 година Грција воведе такса на престојување. Таа такса во повеќето хотели и сместувачки комплекси на гостите ќе им се наплаќа посебно и нема да влегува во цената на летување. Во одредени капацитети сопствениците овој нов трошок го преземале на себе па кај нив таксата веќе е вклучена во цената и нема да се наплатува дополнително.
Таксата за престој се пресметува како фиксен износ по ден и по соба, зависно од видот на сместување и изнесува:
4 € по соба дневно за хотели со 5*
3 € по соба дневно за хотели со 4*
1,5 € по соба дневно за хотели со 3*
0,5 € по соба дневно за хотели со 1*-2*
0.5 € дневно за привтани соби , студија и апартмани
Работи на пат низ Македонија
Знаеме дека најмногу ве интересира што конкретно се случува со новите делници на пат низ Македонија кон Грција. Автопатот на релација Демир Капија-Смоквица е отворен на 23 април така да единствено што може е да уживате во патувањето.
Цената на патарини останаа на ниво на минатогодишните, тука нема промени.
Нова наплатна рампа на преминот Евзони
Во декември лани почна со работа новата наплатна рампа на преминот Евзони. Патарината за патнички возила изнесува 1.80€ во еден правец што значи дека одење и враќање преку Евзони во двата правци ќе ве чини 3.60€. Новата патарина се наоѓа околу 500м од преминот Евзони.
Зголемување на цената на намирници во Грција
Цените на намирници и храна во грчките супермаркети во 2018 се воглавно за повеќето производи на исто ниво како лани, големи разлики нема.
Водете сметка каде паркирате автомобил
Еден од повеќето проблеми со кои туристите неретко се среќаваат, посебно во ек на сезона, е проблем со наоѓање слободни паркинг места во некои летувалишта, наплаќање казни за непрописно паркирање како и оштетување на регистарски таблички. Затоа водете сметка каде ќе се паркирате.
Доколку се наоѓате во летувалиште каде има помалку слободни паркинг места, замолете ги вашите домаќини да ве упатат каде да го оставите автомобилот а да биде на безбедно.
Ново на Сител
-
Од први јуни авиолинии до уште три градови во Турција
-
УХМР: Не очекува потопло и посушно лето
-
Кулминација на конфликтите меѓу САД и Кина: студенти, компании, минерали, чипови
-
Лавров и Рубио разговараа за Украина во пресрет на денешната рунда мировни преговори во Истанбул
-
Русија ноќеска соборила 162 украински дронови
-
Шест лица повредени во Колорадо од Молотови коктели, ФБИ смета дека е терористички чин | ВИДЕО
-
Аналена Бербок денеска се избира за претседателка на Генералното собрание на ОН
-
Алкараз победи на 100 натпревари во 119 натпревари на земја - само Надал го направи тоа побрзо