Партија од коалицијата на Вучиќ бара затворање на границата кон Македонија
Српската народна партија (СНП), која на априлските парламентарни избори во Србија беше дел од коалицијата предводена на Српската напредна партија (СНС) на премиерот Александар Вуќиќ, денеска побара од српската Влада да нареди „итно затворање на границата со Македонија“, со цел да се спречи „неконтролиран прилив на мигранти на територјата на Србија“.
- Доколку затворањето на граничните премини не обезбеди запирање на неконтролираниот прилив на мигранти на територијата на нашата земја, СНП инсистира на поставување бариера на границата со Македонија, на ист начин како што тоа го направуја многу земји од ЕУ, се наведува во соопштението на СНП, која во српската јавност е позната по своите проруски и анти-ЕУ ставови.
Партијата наведува дека огради на своите гранци веќе поставиле Унгарија и Австрија, а дека такви мерки најавува и Хрватска.
- Поставувањето бариери на границите е принцип што се применува во цела Европска унија. Србија треба да почне да спроведува иста мигрантста политика, каква што спроведуваат и земјите членки на ЕУ, смета партијата.
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ во петокот при посетата на Центарот за прием на бегалци во Прешево, во близина на српско-македонската граница, рече дека последниве недели е регистиран зголемен прилив на мигранти низ Србија, додавајќи дека тие во најголем број во земјата влегуваат од територијата на Бугарија.
Стефановиќ нагласи дека главен проблем во овој случај се криумчарите со луѓе и најави решителна борба против, како што рече, „малите, но организирани групи на криумчари“.
Ново на Сител
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите
-
Протестен марш во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски штител лични интереси
-
Новата комора на трговци утре до владата ќе ја прати листата со продукти кои треба да поевтинат