Партија на пензионери: Остануваме на зацртаната програма и коалицирање со СДСМ
По повод некои шпекулации што кружат во јавноста по одржаниот прв круг на локалните избори во државата, кои се однесуваат на стабилноста на владината коалиција „Најдоброто за мојата општина“ во која партиципира и Партијата на пензионери, објавуваме:
Партијата на пензионерите, како партиципиент во владината коалиција, „Најдоброто за мојата општина“ во која влеговме со цел да обезбедиме подобра и предвидлива иднина за нашите најблиски и потомците, останува на зацртаните програмски определби и цели што произлегуваат од интерните одлуки на Партијата и постигнатиот договор за коалицирање со партиципиентите во владината коалиција предводена од СДСМ.
Во име на постигнатите како започнатите и незавршените реформи, зацртаните реформски приоритети, интеграцијата и европеизација на земјата објавуваме дека Учеството на Партијата на пензионери во Владиното мнозинство не се доведува во прашање, истото е стабилно и продолжуваме понатака напред со работа во стабилна коалиција по зацртаниот демократски и европски пат и дека нема да има никакво отстапување и доведување во прашање на постигнатиот договор со сите учесници во коалицијата.
Партијата на пензионери работи исклучиво во интерес на граѓаните и пензионерите и нашата работа во целост се совпаѓа со насоката на остварување на највисоката цел на коалицијата – напредокот на земјата на сите полиња, подобрувањето на животниот стандард, просперитетот на помладите генерации и европската интеграција.
Ги повикуваме сите наши членови и симпатизери, да ја подржат коалицијата предводена од СДСМ и да гласаат за кандидатите за градоначалници на коалицијата ,,Најдоброто за мојата општина,, со што ке дадат свој придонес во просперитетот на земјата.
Партија на пензионери
Ново на Сител
-

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
-

Муцунски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
-

Уапсени седум лица, сузбиена организирана криминална група што недозволено тргувала со дрога | ФОТО
-

Намален бројот на ученици во основните училишта
-

Угостителски услуги во периодот јануари - март поскапеле за 3.0 % во однос на лани
-

Трамп за најавениот напад врз Иран: Вечерва ќе умре цела една цивилизација, која никогаш нема да се врати
-

Го оштетиле буџетот за 6,5 милиони евра, обвинети 25 лица меѓу кои службеници во УЈП
-

61 годишник натепал контролор на ЈСП откако го затекнал без билет
