Парламентот на Молдавија и изгласа недоверба на проевропската Влада

Парламентот на Молдавија денеска и изгласа недоверба на проевропската Влада на премиерот Валериу Стрелец, пренесе ТАСС.
Предлогот беше поддржан од 65 пратеници во 101-члениот Парламент.
Гласањето беше инициирано од двете проруски опозициски партии - социјалистите и комунистите. Тие во Парламентот заедно имаат 45 пратеници.
Гласањето недоверба беше подржано и од една од трите партии во владеачката проевропска коалиција - демократите. Останатите две - либералдемократите и либералите, се воздржаа при гласањето.
Владеачката коалиција се подели по симнувањето на пратеничкиот имунитет на поранешниот премиер Влад Филат, лидер на либералдемократите. Тој е осомничен за корупција и учество во присвојување огромна сума пари од банкарскиот систем на земјата.
Гласањето недоверба беше спроведено на одгласите за антивладините протести, кои веќе два месеца ја потресуваат престолнината Кишењев. Илјадници луѓе денеска ја опколија зградата на Парламентот и ги побараа оставките на претседателот Николае Тимофти и Владата и иницираа свикување предвремени избори.
Еден дел од протестното движење се залага за зближување на Молдавија со Русија, а другата за задржувањ ена курсот на европска интеграција. Двете фракции се спогодија да не си пречат.
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
