Парламентот на Италија изгласа намалување на бројот на пратеници
Италијанскиот Парламент изгласа намалување на бројот на пратеници за повеќе од една третина, како дел од уставните реформи за кои се залагаше движењето Пет Sвезди – М5С, што би можело темелно да ја промени политичката сцена.
Предлог-законот, што беше одобрен од речиси сите партии, предвидува намалување на бројт на пратеници во Долниот дом од сегашните 630 на 400, а во Сенатот од 315 на 200, јави ДПА.
Од М5С велат дека со тие намалувања што треба да стапат на сила на следните избори 2023 година, ќе се заштедат стотици милиони евра и ќе го направат парламентот поефикасен.
– Ова е голема победа за италијанскиот народ и граѓаните, рече лидерот на М5С и министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо по гласањето. Уставната измена помина два круга гласање, Долниот дом го усвои конечно со 553 гласа „за“, 14 „против“ и два „воздржани“.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период