Парламентарни избори во Словенија
Во Словенија денеска се одржуваат деветтите парламентарни избори од осамостојувањето на државата, на кои учествуваат 20 партии, пет помалку од пред четири години, а 1.464 кандидати се борат за 88 од 90 пратенички места во Државниот збор (Парламентот).
Уште пет кандидати се борат за две места резервирани за припадниците на италијанското и унгарското национално малцинство кои имаат посебни кандидатски листи и по едно загарантирано место во Парламентот.
Според Државната изборна комисија (ДВК), кандидатски листи во сите осум изборни единици поднеле сите парламентарни партии – СДС, ЛМШ, СД, Левица, НСи, САБ, ДеСУС, СНС и движењето Поврзи ја Словенија, чиј дел е и коалициската партија Конкретно.
Листи доставија и некои вонпарламентарни партии и граѓански листи. Во сите изборни единици ќе настапат партиите и листите Движење Слобода, Весна – Зелена партија, Наша земја, Пиратска партија на Словенија, За народот на Словенија, Листата на Борис Попович, Непартиската народна листа на движењето Здраво општество – Ресни.ца и Домовинска лига и За народот на Словенија која ќе излезе со заедничка листа на кандидати со партиите Наша иднина и Добра држава.
Алијансата за ослободување на Словенија поднесе кандидатски листи во седум изборни единици, но не и во Ново место.
За едно место во Националното собрание се борат речиси 17 кандидати (во просек 16,63), а во трка се 80 пратеници од претходниот парламент, премиерот и десет актуелни министри во Владата на Словенија и 13 градоначалници. Најмладиот кандидат има 18, а најстариот 82 години.
При поднесувањето на кандидатските листи партиите мора да ја имаат предвид родовата квота од 35 отсто, а според досега познатите податоци меѓу сите кандидати за 88 пратеници има 649 жени, што е нешто повеќе од 44 отсто.
Денешните парламентарни избори повторно ќе бидат регуларни по 2008 година, бидејќи дури три циклуси парламентарни избори беа предвреме распишани поради пад на владите и тоа во 2011, 2014 и 2018 година.
Ново на Сител
-
Во охридската болница се користеле стари апарати
-
Зголемена потрошувачка на вода во Струмица, 195 литри се трошат во секунда
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Анита Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино