Парламентарни избори во Австралија

Во Австралија започнаа парламентарните избори, на кои, според анкетите, би можела да победи Лабуристичката партија на премиерот Ентони Албанезе. Од вкупно 18 милиони луѓе со право на глас, осум милиони веќе гласале за тоа кој ќе ги пополни сите 150 места во Долниот дом и 40 од 76-те места во Сенатот.
На изборите, актуелниот премиер Ентони Албанезе и неговата централно-левичарска Лабуристичка партија се соочуваат со лидерот на опозициската коалиција, Питер Датон, од конзервативната Либерална партија.
Анкета објавена во петокот од „The Australian“ покажува дека Лабуристичката партија води со 52,5 проценти пред либерално-националистичката коалиција, која има поддршка од 47,5 проценти.
Трошоците за живот се клучно изборно прашање - Албанезе вети посилна здравствена заштита, поевтина грижа за децата и пониски сметки за струја, додека Датон вети намалување на даноците, бирократијата и миграцијата.
Албанезе е премиер од 2022 година, кога го замени Скот Морисон и коалицијата предводена од Либералната партија. Според анкетите на јавното мислење, Лабуристичката партија е во водство, објавуваат австралиските медиуми.
Гласачките места се затвораат во 18 часот, а резултатите се очекуваат во текот на вечерта. Гласањето е задолжително во Австралија, а изборите се одржуваат на секои три години.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
