Париз: инциденти меѓу млади и полицијата за време на импровизирана забава
Пет лица се уапсени, а деветмина повредени за време на тепачка во текот на минатата ноќ на „Еспланадата на Инвалидите“ во Париз помеѓу млади луѓе кои дојдоа да учествуваат на импровизирана забава и силите на редот.
Повикот за оваа импровизирана забава беше дискретно објавен на социјалните мрежи под кодното име „ProjectX“, како инспирација од американскиот филм „Project X“, претставена како забава организирана од тинејџери и која ги надмина очекувањата поради големиот број на присутни.
Во мали групи, понекогаш многу алкохолизирани, многу млади, од кои повеќето дојдоа да го прослават крајот на школската или универзитетската година, играа мачка и глушец од полноќ до 2:00 часот изутрината со присутните полицајци.
-После непријателските пароли и фрлање на проектили, полицијата мораше да го употреби своето вооружувања за колективна одбрана, соопшти префектурата, ккоја на забавата се појавиле околу 2000 учесници.
Овие инциденти се случуваат седум дена по празникот на музиката, кој доведе до контроверзни масовни собири на младите луѓе, и покрај сè уште активната циркулација на коронавирусот.
Ново на Сител
-
Двајца Срби пробале да шверцаат 23000 кутии цигари во земјава - добија парична казна и протерување од државата
-
Во август 280 одобренија за градење, од кои 179 за високоградба, предвидени 646 станови
-
Битолчанка измамена за 27.000 евра со веќе познатата измама за наводна „сообраќајна несреќа“
-
Ѓорѓиевски ветува дека за 72 часа ако стане градоначалник на Скопје ќе го реши пробемот со сметот
-
Од вторник температури над просекот за овој период од годината
-
Спречено криумчарење на 11 златни монети вредни девет илјади евра | ФОТО
-
Од почетокот на седмицата уапсено 21 лице, а констатирани 2.131 сообраќајни прекршоци
-
Возел 92 км на час на место каде што е дозволено 40