Паријата на Саша Јанковиќ: Со политика на опасен конфликт Вучиќ ги влоши односите со Скопје
Движењето на слободни граѓани на Саша Јанковиќ упати критики за надворешната политика на српскиот претседател Александар Вучиќ, нарекувајќи ја „политика на опасен конфликт“, посебно влошувањето на односите со соседните земји, со кои Србија немала сериозни несогласувања.
- Никогаш, ако го исклучиме периодот од војните во 90-те години, односите на Србија со соседите не биле нестабилни - со Хрватска, БиХ, Црна Гора и еве сега со Македонија, соопшти опзоциското движење.
Според движењето на поранешниот омбудсман на Србија, „земјата имала исклучителни односи со Македонија, без ниту еден сериозен проблем во последните десетици години, но политиката на опасен конфликт која ја води Вучиќ успеа да ги влоши и односите со Скопје“.
Движењето на слободни граѓани оцени дека политиката на српскиот претседател во последно време води кон конфликт во регионот, кој треба да биде спречен.
Ново на Сител
-
Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич
-
ДСЗИ со вонреден инспекциски надзор за починатото седуммесечно бебе
-
Тошковски: Кривична пријава за поранешниот премиер и вицепремиер
-
Седуммечесно бебе почина на Детската клиника
-
Финансиски соработник во СОЗР осомничен за злоупотреба на службената положба, 23 други лица осомничени за прикривање
-
Сијарто: На Украина и треба примирје, а не дополнително вооружување
-
Совети за поцврста врска