Парична помош од фондацијата „Браќа Џидрови“ за најбројното македонско семејство
Фондацијата „Браќа Џидрови“ му подари 1.000 канадски долари на семејството на Трпе и Ѓурѓа Апостолоски од Ново Село, Тетовско, кое има 12 деца.
Доделувањето на паричната помош, како што соопштија од Фондацијата, беше на одржувањето на „Гоце фест“ во Домот на АРМ во Скопје.
Наградата ја предаде членот на Фондацијата „Браќа Џидрови“, Славе Катин, а ја прими Стојко Стојаноски директор и сопственик на фирма од Вратница, Тетовско, каде Трпе Апостолоски работи. Лефтер Манче и пред неколку години му подарил 1.000 долари на ова македонско семејство со православна вероисповед, со најмногу деца во Република Македонија.
Фондацијата „Браќа Џидрови“, на 21 мај годинава, заедно со КУД „Гоце Делчев“ од Скопје ќе го организира првиот семакедонски фолклорен фестивал во главниот град на Република Македонија. Тоа ќе претставува подарок за младите фолклористи од егејскиот и пиринскиот дел на Македонија, од Мала Преспа и од Република Србија.
Фондацијата „Браќа Џидрови“ која е посветена на браќата Димитар, Стево и Харила од село Загоричани, Костурско, кои своите животи ги дадоја во Граѓанската војна во Грција, ја започна својата дејност на 19 февруари годинава. Основач на Фондацијата е нивниот брат, д-р Лефтер Џидров-Манче од Отава, Канада, кој е светски естетски хирург и еден од најистакнатите донатори во македонската дијаспора чиј добротворни дела се добро познати меѓу Македонците во сите делови на Македонија.
Ново на Сител
-
Син со секира го уби својот татко
-
Охриѓани се хумани, помагаат на сограѓаните во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
За изборот на новиот папа, Тема на денот со Кирил Стојанов, новинар
-
Поддршка за Стерјовски пред утрешните парламентарни избори во Албанија
-
ВМРО-ДПМНЕ со партиски кандидат ќе настапи на локалните избори за Град Скопје
-
Ахмети: Без хармонија меѓу заедниците, државата нема иднина