Парче од Берлинскиот ѕид со потпис на Реган продадено за 277.500 долари

На аукција во Њујорк, одржана синоќа, за сума од 277.500 долари е продадено парче од Берлинскиот ѕид на кое стои потписот на поранешниот американски претседател Роналд Реган.
Како што јави ТАСС, станува збор за аукција организирана од куќата „Кристис“ на која беа продавани лични предмети на Реган и на неговата сопруга Ненси.
Највисока цена на наддавањето од 319.500 долари достигна златен прстен со мали дијаманти, сафири и рубини поставени во форма на знамето на САД.
На аукцијата се понудени и некои од официјалните подароци што ги добивал Реган додека ја извршуваше функцијата претседател на САД од 1981 до 1989 година, меѓу кои се и сервис што му го подарила некогшната британска премиерка Маргарет Тачер, слика - подарок од кинеските власти и часовник за на работна маса, што му го подарил Френк Синатра,
Аукцијата на предметите на Роналд и Ненси Кенеди ќе продолжи и денеска. Сите средства заработени од наддавањето ќе завршат на сметката на Претседателскиот фонд „Роналд Реган“.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето
-

Во изминатото деноноќие уапсени девет лица за „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Пензиите се 16 пати поголеми од времето на СДСМ, денес се живее подобро
-

Татко и неговиот 18-годишен син загинаа во тешка сообраќајка кај Миладиновци
-

Мицкоски: Растот на туризмот е индикатор дека политиките што ги водиме даваат резултат
-

Трамп во Даблин: Би сакал да видам обединета Ирска
-

Србија/Избори: Партиите се изјаснуваат дали ќе учествуваат на изборите или ќе ја поддржат Студентската листа
-

Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата
