Свет
9. October 2022 - 14:47

Папата: Одбивањето на мигрантите скандалозно, одвратно и грешно

Папата Франциско денеска нагласи дека одбивањето на мигрантите е скандалозно, одвратно и грешно.    

„Отфрлањето на мигрантите е скандалозно. Навистина, тоа е злосторство и поради тоа тие умираат пред нашите очи“, рече папата Франциско на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Папата рече дека Средоземното Море е најголема гробница во светот, мислејќи на илјадниците мигранти кои се удавија обидувајќи се да стигнат до Европа. „Отфрлањето на мигрантите е одвратно, тоа е грев.

Злосторство е да не се отвори вратата за оние на кои им е потребна помош“. Тој наведе дека некои мигранти, кои биле вратени од границата, „биле експлоатирани и третирани како робови“.