Папата Лав Четиринаесетти повика на разум и дијалог меѓу Иран и Израел
Папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика властите во Иран и Израел да постапуваат разумно и одговорно во контекст на тековните воздушни напади меѓу двете држави.
Говорејќи од базиликата „Свети Петар“, поглаварот на Римокатоличката црква рече дека со голема загриженост ја следи ситуацијата и апелираше за итен дијалог.
– Во ваков чувствителен момент, сакам повторно да повикам на одговорност и разум. Посветеноста на свет без нуклеарни закани треба да се остварува преку искрен дијалог и почит, истакна папата.
Тој додаде дека за траен мир, заснован на правда, братство и заедничко добро, никој не смее да биде загрозен од постоењето на другиот.
– Државите имаат обврска да ја поддржат каузата на мирот, да се насочат кон помирување и да бараат решенија што ќе гарантираат безбедност за сите, порача папата Лав Четиринаесетти.
Ново на Сител
-
Филков: Интерпелацијата за Коцевски е силен показател за тоа во кој правец би требало да се движат работите
-
Традиционалниот собор во манастирот „Свети Пантелејмон“ го собра народот во молитва и заедништво
-
Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби
-
Полицијата во Тирана ја опколи зградата на Њуз 24 и го исклучи сигналот, реагираше Здружението на новинари
-
Неколку аеродроми во Русија воведоа привремени ограничувања за летови
-
Лишени од слобода возачи во Делчево и гостиварско, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената
-
27-годишник нападнал полицаец, при претрес на неговиот дом пронајдени семки канабис и муниција
-
Блумберг: Харвард се соочува со губење патенти вредни стотици милиони долари