Папата Лав Четиринаесетти ги повика светските сили да ги прекинат сите војни
Патата Лав Четиринаесетти во своето прво обраќање до верниците на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан ги повика големите светски сили никогаш веќе да нема војнa, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.
Новоизбраниот папа, исто така, апелираше за вистински и траен мир во Украина, како и за прекин на огнот во Газа и ослободување на сите израелски заложници.
Во исто време, Лав 14-ти го поздрави примирјето постигнато меѓу Индија и Пакистан и додаде дека се моли на Бога да го дарува светот со „чудото на мирот“.
„Браќа и сестри, огромната трагедија од Втората светска војна заврши пред 80 години, на 8 мај, откако однесе 60 милиони жртви. Во денешното драматично сценарио на трета светска војна во делови, како што кажуваше папата Франциск, и јас им се обраќам на големите сили во светот со сè поактуелен апел: никогаш повеќе војна“, рече папата Лав Четиринаесетти.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија