Папата го осуди „масакрот“ во Буча и го бакна украинското знаме

Папата Франциск го осуди „масакрот во Буча“ и го бакна украинското знаме за кое рече дека му било испратено од градот, за време на неговата неделна аудиенција во аудиториумот во Ватикан, јави Би-Би-Си.
– Неодамнешните вести од војната во Украина, наместо да донесат олеснување и надеж, донесоа нови злосторства, како што е масакрот во Буча. Суровост која е сè пострашна, дури и против цивили, беспомошни жени и деца, истакна папата.
– Овие деца мораа да побегнат за да стигнат во безбедна земја. Ова е плод на војната. Да не ги заборавиме и да не заборавиме на украинскиот народ, рече тој, пред да му даде на секое дете по едно чоколадно велигденско јајце.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера пред Советот за безбедност на ОН ја обвини руската војска за извршување на најголемите злосторства од Втората светска војна. Кремљ тврди дека нема докази дека руските војници ги извршиле злосторствата за кои се обвинети.
Ново на Сител
-

Уапсен 25-годишник, со пиштол ограбил две филијали за брзи кредити во Скопје | ФОТО
-

Најстудено и најмногу дожд на Попова Шапка
-

По инцидентот во Подгорица, Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција
-

Прв годишен форум за квалитет во високото образование во Скопје
-

Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)
-

Уште пет дена кампања, одлуки за коалициите во вториот круг
-

Одрон на автопатот Скопје - Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента
-

Трамп: Многу брзо ќе ја решам кризата меѓу Авганистан и Пакистан
