Папата ги посети проститутките, меѓу нив повеќето се од Балканот
Папата Францис направи ненадејна посета на 20 поранешни приститутки, кои се сместени во „безбедна куќа“ во Рим, јавуваат италијанските медиуми.
Станува збор за млади жени, сите на возраст од околу 30 години, кои шверцери на луѓе ги присилиле да се занимаваат со проституција.
Жените се спасени од нивните поранешни макроа и сега им е дадено засолниште и заштита во апартман на неоткриена локација, со кој управува една католичка хуманитарна организација.
Средбата и разговорот на поглаварот на Римокатоличката црква со жените, лпо се дојдени од Африка, но и од разни делови на Европа, траел повеќе од еден час.
Папата Францис повеќепати досега има изјавено дека шверцот со луѓе претставува криминал кон човештвото.
На сите жени им било ветувано дека ќе им биде најдена работа, но трговците со луѓе ги довеле во Италија и во други земји од западна Европа, за да ги принудат да работат како проститутки.
Претставник на Ватикан изјавил за медиумите во Рим дека сите овие згрижени жени имаат сериозни психички трауми.
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз