Папата Франциско во посета на Лезбос
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско денеска ќе допатува во, како што најави Ватикан, „хуманитрана и екуменска посета“ на грчкиот остров Лезбос.
Како што јави ДПА, за време на престојот на Лезбос, папата ќе биде придружуван од вселенскиот патријарх Вартоломеј и поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот атински и сегрчки Јероним, при што тројцата ќе го посетат кампот за прием на мигранти Морија.
Предвидено е тројцата црковни великодостојници да се сретнат со околку 250 мигранти, како и да ручаат со дел од нив, а најевено е и потпишување на заедничка декларација во врска со мигрантската криза.
По посетата на прифатниот центар Морија, тројцата високи гости ќе се сретна со претставници на локалните жители на Лезбос, како и со делегација на малата католичка заедница на островот.
Предвидено е тие да одржат и заедничка молитва во пристаништето во Лезбос, по што ќе фрлат венци од свежо цвеќе во морските води во чест на мигрантите кои се удавија во Егејското Море во обид да стигнат до грчките острови.
Според најавита од Атина, тројцата црковни великодостојници за време на престојот на Лезбос ќе бидат придружувани и од грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Ново на Сител
-
Песков: Странски воени сили не може да бидат гаранција за безбедноста на Украина
-
За вечерва закажан голем стуентски протест во Нови Сад
-
ЦУК: Осум пожари на отворено - седум изгаснати, еден под контрола
-
Продолжува судењето против поранешниот директор на Онкологија и тројца онколози
-
Доделување на државната награда „8 Септември“ за 2025 година
-
ОДИХР почнува со следење на локалните избори
-
УНИЦЕФ: „Незамисливото“ во градот Газа веќе се случува
-
Трамп најави разговори со Путин во блиска иднина