-->
-->
Папата Франциско ќе има налог на Инстаграм
-->

Ватикан во сабота ќе му отвори налог на папата Франциско на социјалната мрежа за споделување на фотографии Инстаграм, пренесува БТА. Налогот ќе биде именуван „Franciscus“.
Светиот отец избрал тој да биде отворен токму во сабота, бидејќи тогаш се навршуваат три години од кога стана папа.
Папата Франциско веќе има налог на Твитер.
На 26 февруари папата Франциско го прими во Ватикан милијардерот Кевин Систром, основачот на Инстаграм.
- Зборувавме за моќта на фотографијата, и за нивното значење како средство за обединување на луѓето, на сите култури и сите јазици, изјави папата по аудиенцијата.
Инстаграм е филијала на Фејсбук и има 400 милиони корисници во светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Струјата нема да поскапи, се разгледува опцијата за пониско ДДВ кај храната
-

Стартува ИНТЕРДЕЈ – струја ќе се купува по пазарни цени, истиот ден, а не ден претходно
-

Дигитализацијата и подмладокот предизвици за сметководствената професија
-

Колку државата вложува во талентираните ученици?
-

На Славјански универзитет издале диплома во 2016 година со Република Северна Македонија: Случајот пријавен во ЈО
-

На 9 мај „Нож и виљушка на европска чинија“, забава и дружење во Општина Центар
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Власта брза на избори
