Папата Франциско го упати традиционалниот благослов „Urbi et Orbi“
Папата Франциско денеска од главната ложа на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан го упати традиционалниот благослов „Urbi et Orbi“ (на латински: „Кон градот (Рим) и кон светот“).
Пораката се упатува на Божик, Великден и за време на други свечени поводи. Тоа е првиот благослов, што го кажува секој новоизбран папа, а формулацијата се користи и во некои официјални документи за да се истакне нивното прогласување низ сите краеви на светот.
Текстот на благословот е само на латински и ја соддржи формулата за привремено простување на сите гревови на присутните на плоштадот „Свети Петар“, како и на оние кои благословот го примаат преку медиумите.
- Нека Светите апостоли Петар и Павле, на чија власт ние се потпираме, се заложат за нас пред Бога. Преку молитвите и заслугите на секогаш блажената Богородица, на блажениот Свети архангел Михаил, на блажениот Јован Крстител, на светите апостоли Петар и Павле и на сите светци, нека Семоќниот Бог се смилува над Вас и Ви ги прости сите гревови, а Исус Христос Ве изведе до вечниот живот, порача папата.
- Семоќниот и милослив Бог да Ви дозволи уживање, простување и помилување за сите Ваши гревови, (да Ви даде) период на искрено и плодотворно покајување, секогаш каејќи се од срце и промени во животот, милоста и совеста на Светиот Дух, како и непроментиот напор во добрите дела, нагласи понтифот во пораката.
- Нека благословот на семоќниот Бог, Отец, Син и Свет Дух се спуштат над Вас и засекогаш да бидат со Вас, гласи папскиот благослов, шри што секој ред од него завршува со „Амин“.
Ново на Сител
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
7 специјализанти добија решенија во охридската болница
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Софија бара ослободителна пресуда за основачот на клубот „Ванчо Михајлов“
-
Побаран притвор за поранешните директори
-
Воведени се драстични промени во работата по скандалот на Онкологија, смируваат од клиниката