Папата Франциск за конфликтот меѓу Израел и Хамас: Ова веќе не е војна, туку тероризам
Папата Франциск денеска одвоено се сретна со израелските роднини на заложниците кои ги држат Хамас и Палестинците со семејствата во Газа и рече дека конфликтот отишол подалеку од војната и станал „тероризам“.
Состаноците и коментарите на папата дојдоа неколку часа откако израелската Влада и Хамас се согласија за прекин на огнот во Газа за најмалку четири дена, што ќе овозможи да пристигне помош и да се ослободат најмалку 50 заложници кои ги држат милитантите во замена за најмалку 150 Палестинци затворени во Израел.
Говорејќи без пишан текст на општата аудиенција денеска на плоштадот „Св.
Петар“, набрзо по состаноците во раните утрински часови во неговата резиденција, папата Франциск рече дека директно слушнал како „страдаат двете страни“ во конфликтот.
„Тоа е она што го прават војните. Но, ова ја надмина војната. Ова не е војна.
Ова е тероризам“, рече папата и замоли за молитва за двете страни „да не одат со страсти кои на крајот ќе ги убијат сите“. Двете групи одржаа посебни прес-конференции.
Ново на Сител
-
Владата на Косово го забрани Тик Ток во јавните институции
-
Хрватска смета дека е неприфатлива одлуката на Црна Гора да ја донесе Резолуцијата за геноцидот во Јасеновац
-
Поради градежни активности изменет режим на сообраќај во дел од Општина Аеродром
-
ЕУ ги дополни листите на санкционирани за поддршка на агресијата врз Украина
-
Пет лица загинаа во напад со дрон во руската област Курск
-
Единствениот реформски кандидат води на претседателските избори во Иран
-
Состојба на патиштатa
-
Сончево и потопло со мала до умерена облачност