Папата Франциск не се чувствува добро

Папата Франциск е болен и нема да присуствува на денешната миса со римски свештеници во базиликата Свети Јован Латерански, соопштија официјални лица.
Ватикан информира дека 83-годишниот папа не се чувствува добро и оти одлучил да остане во близина на ватиканскиот хотел „Света Марта“ во кој живее, како и дека ќе продолжи со другите планирани обврски.
Нема повеќе официјални информации за природата на болеста на папата, додека некои светски агенции јавија дека тој бил виден како кива и го секне носот за време на вчерашната миса.
Веста за здравјето на папата доаѓа во момент кога Италија се соочува со епидемија на новиот коронавирус.
Во северна Италија пријавени се 400 луѓе се заразени со новиот коронавирус.
Три лица биле заразени во Рим и сите се излекувани.
Светските агенции потсетуваат дека папата генерално е во добра здравствена состојба. Како млад загубил дел од белите дробови поради респираторна болест, а има и ишијас кој му го отежнува одењето.
Ново на Сител
-

Депонијата Буково канцерогена бомба
-

Костенот едно од традиционалните бележја во Македонски Брод
-

Преглед на вестите од светот
-

Поплави во југозападна Македонија – Жителите најавуваат тужби за штетите
-

Тема на денот со Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците
-

Три години казна затвор за Асани во случајот со Веапоска
-

Мицкоски од Тирана: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена
-

Одреден куќен притвор за двајца даночни инспектори, Обвинителството најави жалба
