-->
-->
Папата Франциск ги поздрави верниците од балконот на болницата
-->
Папата Франциск денеска се појави во јавност за првпат по операцијата на дебелото црево минатата недела и ги поздрави собраните верници од балконот на болницата.
Папата (84) успешно закрепнува по извршената операција на 4 јули, соопшти Ватикан.
Според локалните медиуми, неговиот глас звучел малку ослабен додека ги поздравувал собраните пред поликлиниката „Џемели”.– Во голема мера ја чувствувам вашата блискост и поддршка во вашите молитви, им порача папата Франциск на луѓето што му посакаа закрепнување.
Минатата недела на папата му беше отстранет дел од дебелото црево поради тешка „дивертикуларна стеноза”, односно стеснување на дебелото црево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марјан Николовски, професор по безбедносни науки
-

Општина М.Брод ќе субвенционира 50% од сумата за возачки за средношколците кои ќе се запишат во СОУ „Свети Наум Охридски“
-

Четворица кандидати ќе се борат за градоначалничкото место во Брвеница
-

Премиерот најави дека МВР следи неколку случаи за барање мито во државни институции
-

Новата когенеративна централа треба да го поевтини парното греење
-

Фич го потврди кредитниот рејтинг ББ+ на земјава
-

Досега евидентирани 138 шумски пожари, штетите милионски
-

Жените земјоделки докажаа дека се столбот на оваа гранка во Македонија - по 5 пат во Прилеп - „Млеко 2026“
