Папата Франциск до граѓаните: Сигурен сум дека вашата земја е добра, најубавите мозаици се тие што имаат многу бои
Папата Франциск непосредно пред неговата Апостолска посета на Северна Македонија на 7-ми мај во Скопје, испрати порака до сите граѓани на нашата земја.
– Откако вашата земја стана независна, Светиот Престол сакаше со вас да воспостави пријателски и дипломатски односи. Денес, повеќе од кога било, има потреба и во Европа, и во целиот свет, да се развива култура на излегување во пресрет, култура на братство, и јас ќе дојдам меѓу вас, да го посеам ова семе. Сигурен сум дека вашата земја е добра, дека ќе го прими ова семе и ќе добие плодови, стои во пораката.
Посебната убавина на вашата земја, нагласува Папата Франциск, се должи на различните култури, етникуми и религии што живеат во неа. Секако дека соживотот не е секогаш лесен, го знаеме тоа, посочува, но вреди да се вложи тој напор, бидејќи најубавите мозаици се тие што имаат многу бои, вели Папата Франциск.
Во пораката нагласува дека неговата посета ја посветува и на една голема светица, ќерка на вашата земја, Мајка Тереза, родена и израсната во Скопје, која преку благодатта Божја, стана храбра мисионерка на Христовата милост во светот, давајќи утеха и достоинство на најсиромашните меѓу сиромашните. цр/
Драги браќа и сестри од Северна Македонија,
Преку оваа кратка порака, сакам да ги искажам радоста и пријателството што ги чувствувам кон вашиот народ и кон црквата што постои во вашата земја.
Откако вашата земја стана независна, Светиот Престол сакаше со вас да воспостави пријателски и дипломатски односи. Денес, повеќе од кога било, има потреба и во Европа, и во целиот свет, да се развива култура на излегување во пресрет, култура на братство, и јас ќе дојдам меѓу вас, да го посеам ова семе. Сигурен сум дека вашата земја е добра, дека ќе го прими ова семе и ќе добие плодови.
Всушност, посебната убавина на вашата земја, се должи на различните култури, етникуми и религии што живеат во неа. Секако дека соживотот не е секогаш лесен, го знаеме тоа, но вреди да се вложи тој напор, бидејќи најубавите мозаици се тие што имаат многу бои.
Мојата посета ја посветувам и на една голема светица, ќерка на вашата земја, Мајка Тереза, родена и израсната во Скопје, која преку благодатта Божја, стана храбра мисионерка на Христовата милост во светот, давајќи утеха и достоинство на најсиромашните меѓу сиромашните.
Драги пријатели, да ја подготвиме нашата средба со молитва дека ќе биде исполнета со мир и секое добро за целиот ваш народ.
Бидете од Бога благословени!
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп