Папата Франциск апелираше до Русија да го оживее Црноморскиот договор за жито

Папата Франциск денеска ја повика Русија да го оживее Црноморскиот договор за жито, кој и овозможи на Украина да извезува жито од своите поморски пристаништа и покрај војната.
– Апелирам до моите браќа, функционерите на Руската Федерација, да продолжи црноморската иницијатива и безбедно да се транспортира житото, рече папата Франциск за време на неделната молитва.
Русија не го продолжи Црноморскиот договор за жито, по неговото истекување на 17 јули бидејќи, како што тврди Кремљ, делот што се однесува на Русија не е спроведен. Москва долго време се жали дека и понатаму има пречки за нејзиниот извоз на жито и ѓубрива. Потпишан во јули 2022 година во Истанбул, договорот со посредство на Турција и ОН веќе двапати беше обновен. Договорот овозможи 33 милиони тони жито да се извезат преку украинските пристаништа минатата година и покрај конфликтот.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
