Свет
24. јуни 2016 - 15:09

Папата Францис: Резултатите од референдумот во Британија мора да се почитуваат

Папата Францис изјави денеска дека британската одлука за напуштање на Унијата мора да ја следи „гарантирана благосостојба“ и за Велика Британија како и за други држави од Европа.

Папата за време на лет од Рим за Ереван, рече дека „резултатот од референдумот мора да се почитува оти тоа е волјата на народот“.

– Резултатот покажува волја на народот и тоа бара голема одговорност на сите нас за да биде гарантирана благосостојба за Обединетото кралство како и просперитет и соживот на европскиот континент, изјави папата Франциско.