Демонстрации поради одлуката на Нетанјаху да го отпушти шефот за внатрешна безбедност на Израел
– Лидерот на израелската опозиција Јаир Лаипид повика синоќа, пред илјадниците демонстранти собрани во Тел Авив, на генерален штрајк доколку премиерот Бенјамин Нетанјаху не го послуша мислењето на Врховниот суд што ја замрзна владината одлука за разрешување на шефот на Шин Бет (внатрешна безбедност).
Демонстрантите вееја знамиња на кои пишуваше „Нема повеќе крвопролевање“ и бараа прекин на војната, за да се обезбеди враќање на околу шеесет израелски заложници кои се уште се држат во Појасот Газа.
Врховниот суд на Израел во петокот ја суспендираше владината одлука за разрешување на шефот на Шин Бет, Ронен Бар, што ги покажа длабоките поделби во општеството.
Судот до 8 април ќе разгледува шест жалби на владината одлука. Премиерот Нетанјаху остана решен да го отпушти Бар.
-Ронен Бар нема да остане на чело на Шин Бет, нема да има граѓанска војна, а Израел ќе остане демократска земја, нагласи синоќа Нетанјаху во видео порака, пркосејќи му на Врховниот суд.
Тој претходно изјави дека Израел е правна држава и дека владата одлучува кој ќе биде шеф на Шин Бет.
Голем број Израелци го осудуваат „автократското однесување на премиерот“, кој ја повикува владата да се состане денеска за да ја покрене постапката за разрешување на главната обвинителка на земјата, Гали Бахарав-Мијара. Таа го предупреди Нетанјаху дека одлуката на Врховниот суд привремено му забранува да назначи нов шеф на Шин Бет. За денеска се најавени демонстрации против разрешувањето на главната обвинителка пред Кнесетот, израелскиот парламент, што е во близина на приватната резиденција на израелскиот премиер.
Ново на Сител
-
Трамп повика на средба меѓу Украина и Русија во Турција оваа недела
-
ПМФЛ: Вардар го доби Работнички во градското дерби
-
Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП 2026
-
Куче врзано за кола и влечено во Крива Паланка
-
Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“
-
Папата Лав Четиринаесетти ги повика светските сили да ги прекинат сите војни
-
Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари, Владата е стабилна и фокусирана на проекти
-
Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница