-->
-->
Папата Францис ја повика Латинска Америка на единство преку верата
-->
Папата Францис на вчерашната миса одржана во еквадорскиот главен град Кито ги повикал граѓаните на Латинска Америка да се осврнат кон заедничките христијански корени, како инспирација за надминување на разликите.
Мисата на отворено ја следеле речиси еден милион католици.
Папата потсетил на уверувањето и силата во „крикот за слобода“ во текот на борбата за независност против европските сили пред 200 години.
- Тоа беше крик кој одекна од длабочината на совеста поради недостиг на слобода и кражби, додаде поглаварот на Римокатоличката црква.
Тој побара од граѓаните во Латинска Америка да се осврнат кон Евангелието „за да се обединат нашите надежи, грижи, идеали, па дури и утописки визии“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈП Лајка: Пронајдено младо куче затворено во напуштен автомобил без вода и храна
-
Фрлил кесичка кокаин, уапсен 35-годишник во Охрид
-
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони
-
Јапонскиот премиер го откажа учеството на самитот на НАТО