Папа Франциск: Сексуалните престапници се „непријатели“, но сепак заслужуваат христијанска љубов
Сексуалните престапници се „непријатели“ кои треба да бидат судени и казнети, но сепак заслужуваат христијанска љубов и грижа, бидејќи сепак се Божји деца, рече папата Франциск.
Тој го кажа тоа на 29 април во приватен разговор со језуитите додека беше во посета на Унгарија, а неговата изјава беше објавена вчера во италијанското издание „Сивилта Католика“ (Civilta Catholica).
„Насилникот е непријател. Секој од нас го чувствува тоа, како што чувствуваме сочувство за страдањата на жртвите, дури и во разговорот со насилникот постои одвратност, не е лесно.
Но, и тие се Божји деца. Тие заслужуваат казна, но заслужуваат и грижа“, рече папата Франциск.
Минатата недела, тој ја пофали работата на меѓународната комисија на Ватикан за спречување на сексуална злоупотреба и ја охрабри да продолжи по неодамнешната оставка на висок член кој ја обвини за недоволна транспарентност.
Ново на Сител
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом
-
Стерјовски од Корча: Овде сме да го одбраниме нашиот идентитет и да изградиме поцврста основа за иднината на Македонците во Албанија
-
Општина Центар: Во тек е голема акција, се чисти на шест локации