Пангалос ќе ја тужи Грција за намалување на неговата пензија
Поранешниот грчки министер за надворешни работи Теодорос Пангалос планира да се обрати до грчки и меѓународен суд поради намалување на неговата пензија за време на власта предводена од Алексис Ципрас.
Во интервју за радио „Вима“, Пангалос изјави дека од доаѓањето на власт на Сириза, па се досега, неговата пензија е намалена на една четвртина од првичната вредност, објави „Прото тема“.
Кога Ципрас дошол на власт, Пангалос земал пензија од 1.600 евра, а овој месец таа е намалена на 382 евра.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, Пангалос, кој по професија е правник, истакна дека планира да се обрати до свои колеги, кои ќе го проверат случајот и ќе го предадат на грчки суд и Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Пангалос е висок функционер во ПАСОК, долгогодишен пратеник во грчкиот Парламент, а бил и на чело на различни министерства.
Намалувањето на приходите на пензионерите во Грција се реализира во согласност со условите договорени меѓу грчката Влада и меѓународните кредитори за третиот спасувачки пакет финансиска помош.
Ново на Сител
-
Франција на работ на економска и политичка криза, премиерот веројатно ќе го изгуби гласањето за доверба
-
Русија со балистичка ракета ја нападна Одеса
-
Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани
-
ЦУК: Активни пожарите кај селата Русиново и Никуштак, четири ставени под контрола
-
Осумнаесет лица со повреди од пожарот во „Макпрогрес“ примени во Болницата во Кочани
-
Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија
-
Лазаров: Разочаран сум од толку промашувања
-
Захарова: Европските лидери што го поддржуваат Киев се „мутирани џуџиња“