Панел-дискусија „Дебатираме за НАТО“
Панел-дискусија „Дебатираме за НАТО“ на која е предвидено да учествуваат меѓународни и домашни експерти денеска ќе се одржи во Министерството за надворешни работи, во организација на Инфо-центарот за евро-атлантски интеграции, со поддршка на МНР на Република Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија.
Целта на настанот е преку интерактивен пристап да се поттикне аргументирана дебата за предностите на членството на земјата во НАТО.
На настанот во својство на панелисти ќе учествуваат министерот за надворешни работи Никола Димитров, поранешниот министер за надворешни работи на Република Бугарија Соломон Паси, амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија Вилем Ваутер Пломп, претседателот на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија Исмет Рамадани, Никола Тодоров, адвокат и поранешен вицепремиер и министер за здравство, како и претставникот од НАТО Инфо Центарот во Црна Гора, Драган Копривница.
Ново на Сител
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип
-
Екс директорот на Геријатрија обвинет за земање поткуп, седна во судница