-->
-->
Пандев постигна гол, но Џенова е елиминирана од Купот на Италија
-->
Иако капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев постигна гол за својата екипа Џенова, сепак неговиот тим е елиминиран од Лацио во осминафиналето на Купот на Италија.
Пандев беше стрелец на вториот гол за Џенова на гостувањето во Рим, каде загуби од Лацио со 4-2.
Пласман во четвртфиналето обезбеди и Чезена со победата од 2-1 на гости кај Сасуоло.
Претходно пласман меѓу осумте најдобри обезбедија Јувентус, Фиорентина, Наполи, Милан и Интер.
Последниот четвртфиналист ќе биде познат доцна вечерва, откако својот натпревар од осминафиналето ќе го одиграат Рома и Сампдорија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Розов пикник појадок за поддршка на жените со рак на дојка
-
Заедничка балканска промоција
-
Технолошки парк „N99“ почетокот на една нова ера
-
Земјоделието и младите
-
Преглед на вестите од светот
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар