-->
-->
Пандев „ноќна мора“ за Џиџи Буфон
-->
Македонската фудбалска икона Горан Пандев вечерва против Италија го игра својот 76 меч за националниот тим и ќе се обиде да го постигна својот 27 погодок што ќе биде прв по пауза од цели 8 години во квалификациски натпревар за Македонија.
Последниот квалификациски гол Пандев го постигна против Холандија во 2008г кога одигравме 1-2.
Оттогаш Гоче постигна дури 13 погодоци но на пријателските дуели со Молдавија, Шпанија, Канада, Литванија, Данска, Ц.Гора... но ниту еден квалификациски.
Инаку Горан Пандев важи за голгетер кој во италијанското првенство е ноќна мора за легендата на „аѕурите“ Џиџи Буфон бидејќи досега носејќи го дресот на Лацио и Интер нашиот капитен има постигнато дури 6 погодоци кога на голот бил италијанскиот репрезентативен голман во дуелите со Јувентус:Еден гол на 5 декември 2004 (Јувентус-Лацио 2-1), Два гола на 15 декември 2007 (Лацио-Јувентус 2-3), два гола на 29 ноември 2011 (Наполи -Јувентус 3-3), еден гол на 11 август 2012 (Јувентус-Наполи 4-2, италијански Суперкуп).
Токму затоа вечерва Буфон се надева да продолжи постот на Гоче додека нашиот капитен му се заканува со 7. гол
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Украина без струја по руски напади
-
Руте најави дополнителни мерки на НАТО за борба против дроновите
-
Лавров: ЕУ сака да го претвори украинскиот конфликт во војна на Трамп
-
Најмоќниот Македонец во Белград | Тома Фила | Неформално | Sitel Podcast 118
-
Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор
-
Мисајловски: Подготвени сме да ја поддржуваме Украина, но мора да се грижиме и за нашата Армија
-
Албанската полиција на ГП „Блато“ заплени стока прошверцувана од Македонија
-
Таксист полово нападнал патничка - компанијата го отпуштила од работа