Пандев: Да се прават промени во Македонија е многу тешко, но ние сме оптимисти за иднината
Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, неодамна презеде нова улога во Фудбалската федерација на Македонија со единствена цел да изгради подобра иднина на мак-фудбалот.
„Гранде Пандев“ кој пред шест месеци беше назначен за спортски директор на македонските репрезентации интервју „FotMob“ зборуваше за големите предизвици кои стојат пред новото раководство на федерацијата.
– По долги години гордо носење на дресот на репрезентацијата, се чувствував почестен што сум поканет од Масар Омерагиќ (новоизбраниот претседател на ФФМ) да бидам дел од новото раководство на Фудбалската федерација на Македонија. Да се прават промени во Македонија е многу тешко, но ние сме оптимисти за иднината. Претседателот Омерагиќ неуморно работи на предизвиците со кои се соочуваме, но со нашето знаење и поддршка се надеваме дека ќе се подобриме, вели Пандев во интервјуто за „FotMob“.
Македонската фудбалска легенда се осврна и на односот со селекторот на репрезентацијата Благоја Милевски.
Горан Пандев се повлече од играњето меѓународен фудбал, откако Фудбалската федерација на Македонија реши да не му понуди нов договор на тогашниот селектор Игор Ангеловски, а местото му го понуди на Благоја Милевски, кој беше селектор на У21.
-Нашиот однос би го опишал како професионален. Добро ги започна квалификациите за Светското првенство 2026 и се надевам дека ќе нè направи среќни и ќе нè однесе на нашето прво Светско првенство. Сепак, тој е оној што ја одлучува својата судбина, бидејќи резултатите се огледало на работата на тренерот и му посакувам многу среќа, истакна Пандев
Единстевниот настап на едно големо фудбалско натпреварување, Европското првенство 2020, македонската репрезентација го има обезбедено предводена од тогашниот капитен Горан Пандев.
Ново на Сител
-
Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
-
„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната