Панама формира комисија за испитување на финансиската пракса
Претседателот на Панама, Хуан Карлос Варела најави дека Владата ќе формира независна комисија за испитување на финансиската пракса на земјата, откако во јавноста истекоа информации на панамската адвокатска фирма „Мосак Фонеска“ со имињата на светски лидери и познати личности, кои криеле пари во „даночните раеви“.
- Панамската Влада преку нашето Министерство за надворешни работи ќе формира независна комисија од домашни и меѓународни експерти за да ја процени нашата сегашна пракса и да предложи усвојување мерки, кои ќе ги поделиме со другите земји заради зајакнување на транспарентноста на финансиските и правните системи, изјави Варела.
„Панамските документи“ покажуваат дека повеќе од 500 банки, нивните филијали и експозитури регистрирале речиси 15.600 офшор компании преку фирмата „Мосак Фонекс“, а најголем дел од нив се формирани од 1990 година, се наведува на сајтот на Меѓународниот конзорциум на истражувачките новинари.
Ново на Сител
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација
-
Сите чекаат Димитриевска сама да замине од Антикорупциска
-
Академската фела со реакции за предлогот за заедничка резолуција со Бугарија
-
Мицкоски: Бугарија може да покаже дека е добар сосед
-
Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси