-->
-->
Памела го моли Путин за помош: Актерката му пиша на рускиот претседател, еве што сака од него
-->
Холивудската актерка Памела Андерсон на рускиот претседател Владимир Путин му пратила отворено писмо, во кое бара ослободување на китовите заробени во близина на местото Нахотка во регионот Примирски крај.
Андерсон, која е членка на Советодавниот одбор на Меѓународниот фонд за доброто на животните - IFAW, писмото го објавила на официјалната страна на фондацијата со нејзиното име.
Во писмото таа го моли Путин да нареди нивно ослободување.
"Ви пишувам во врска со 11 орка и 87 белуга китови кои моментално се заробени во близина на Нахотка. Сакам да и се заблагодарам на руската влада што презема важни чекори во спречување на меѓународната продажба на овие китови. Разбирам дека владата преземала иницијатива да ги ослободи овие величествени суштества и да ги врати во водите на рускиот далечен исток", напишала Андерсон.
Како што додала, се надева дека руската влада во соработка со еколозите и меѓународните експерти ќе развие професионален план за враќање на китовите во нивното природно живеалиште.
Претходно било јавено дека 11 орки незаконски биле уловени поради продажба во Кина и дека се чуваат во посебен центар во Нахотка, како и околу 90 белуга китови.
Како што се наведува, поднесена била кривична пријава поради илегалниот плен, а пред три дена Путин му наредил на Министерството за природни ресурси и Министерството за земјоделство да одлучи за судбината на китовите до 1-ви март.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина
-
Раст на фјучерсите на американските берзи по новите укази на Трамп
-
Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет
-
Мицкоски во Вашингтон присуствувал на на свеченоста „Гласови на слободата“ и остварил бројни средби
-
Украина работи на одржување средба меѓу Зеленски и Трамп
-
Лазаров за ремито со Австрија: Горд сум на моите ракометари
-
Капитенот Кузмановски донесе реми во последните секунди на натпреварот Македонија-Австрија
-
Собранието го донесе Законот за заштита на децата, прифатени само два амандмани