-->
-->
Памела го моли Путин за помош: Актерката му пиша на рускиот претседател, еве што сака од него
-->
Холивудската актерка Памела Андерсон на рускиот претседател Владимир Путин му пратила отворено писмо, во кое бара ослободување на китовите заробени во близина на местото Нахотка во регионот Примирски крај.Андерсон, која е членка на Советодавниот одбор на Меѓународниот фонд за доброто на животните - IFAW, писмото го објавила на официјалната страна на фондацијата со нејзиното име.
Во писмото таа го моли Путин да нареди нивно ослободување.
"Ви пишувам во врска со 11 орка и 87 белуга китови кои моментално се заробени во близина на Нахотка. Сакам да и се заблагодарам на руската влада што презема важни чекори во спречување на меѓународната продажба на овие китови. Разбирам дека владата преземала иницијатива да ги ослободи овие величествени суштества и да ги врати во водите на рускиот далечен исток", напишала Андерсон.
Како што додала, се надева дека руската влада во соработка со еколозите и меѓународните експерти ќе развие професионален план за враќање на китовите во нивното природно живеалиште.
Претходно било јавено дека 11 орки незаконски биле уловени поради продажба во Кина и дека се чуваат во посебен центар во Нахотка, како и околу 90 белуга китови.
Како што се наведува, поднесена била кривична пријава поради илегалниот плен, а пред три дена Путин му наредил на Министерството за природни ресурси и Министерството за земјоделство да одлучи за судбината на китовите до 1-ви март.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Градот Скопје обезбеди 3 милиони евра за катни гаражи на Клинички
-

Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-

Инспектор на ДЗС: „Пулс“ не ги исполнувал условите за противпожарна заштита
-

Комеморативна седница за годишнина од пожарот во Кочани
-

Ако маркетите не си останат на зборот и почнат со поскапувања, државата веднаш да интервенира, велат од ОПМ
-

ВМРО - ДПМНЕ обвинува за синдикалните протести
