Памела Андерсон во францускиот парламент во име на гуските

Американската актерка Памела Андерсон, најпозната по улогата во ТВ серијата „Чувари на плажата“, се појави вчера во францускиот парламент каде зборуваше во прилог на забраната на товење гуски и патки заради производство на паштети.
Иако нејзининиот настап наиде на бурен револт кај поголемиот број пратеници, 48-годишната актерка беше дочекана со воодушевување од страна на фоторепотерите кои дојдоа во голем број да ја снимаат.
Во еден момент дури имаше можност и да „летаат пердуви“ , затоа што салата каде што поранешната Плејбој зајчица требаше да одржи прес - конференција беше премала да ги прими сите оние кои сакаа да ги слушнат нејзините аргументи против познатиот франуски специјалитет „fois gras“.
Памела, која со години активно се бори за правата на животните и заштита на околината во рамките на организацијата ПЕТА, дојде во француското собрание како гостин на здружението на француската актерка и активистка Брижит Бардо и пратеничка на Зелената партија Лоранс Абеј, која покрена иницијатива за забрана на насилното хранење на живината.
Од друга страна, движењето „Лов, рибовол, природа и традиција“ ја осуди Лоранс Абеј, дека таа „повеќе сака мисирки полнети со силикон отколку добра гуска хранета со пченица од (францускиот регион Ланд и Перигор“.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
