-->
-->
Палмер на средба со Димитров во МНР
-->

Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер, кој денеска престојува во посета на Македонија, претпладнево во МНР има средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Палмер и Димитров, како што беше најавено, ќе разговараат за поддршката на САД за Договорот од Преспа, важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија, како и за актуелните политички состојби во земјата и во регионот.
Палмер во текот на денов ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, како и со претставници на политичките партии.
Ова е втора посета на Палмер на земјава оваа година. Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, последен пат на средби со македонскиот државен врв беше во август годинава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
-

Решение за превозниците е склучување билатерални договори
